Влатко Мијалков брат на Сашо Мијалков ја напушти полициската станица, објави Тв 21!
Иако навинарските екипи му поставуваа прашања, Мијалков за медиумите порача дека нема изјава.
Како и претходно што објави телевизијата, Министерството за внатрешни работи за ТВ21 информираше дека тие се повикани на информативен разговор.
Полицијата се обидува да дознае повеќе информации за Сашо Мијалков кого го нема од синоќа откако полицијата не успеала да го најде дома, како и на неколку локации низ Скопје, за да му го врачи решението за куќен притвор пред пресудата во петок за предметот „Таргет Тврдина“.
Денеска за Мијалков беше распишана и меѓународна потерница. Во моментов не е познато каде е екс директорот на УБК.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.