Автобус со српски регистарски таблички, во кој имало деца, се преврти вчера во Бугарија. Несреќата се случи во 8:10 часот на 217 километри од Софија, кај Стара Загора, јавува Нова.бг.

Објавил: Мате Парлоф | 15 август, 2022 11:21

(ВИДЕО) Во Бугарија се преврти автобус со деца од Србија, има тешко повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Подоцна вчера вечер директорот на болницата во Стара Загора рече дека седумнаесет повредени деца биле донесени за укажување помош

Автобус со српски регистарски таблички, во кој имало деца, се преврти вчера во Бугарија. Несреќата се случи во 8:10 часот на 217 километри од Софија, кај Стара Загора, јавува Нова.бг.

Според првичните податоци, нема загинати, а повредени се 12 лица – осум деца и четворица возрасни. Тие се транспортирани во болницата во Стара Загора, која е најблиску до местото на несреќата. Медиумите јавуваат дека едно дете и еден возрасен се тешко повредени.

Според тамошните медиуми, автобусот кој превезувал патници од одмор на Црното Море паднал во ендек, а причините за несреќата сè уште не се познати.

На местото на несреќата се испратени екипи на лекари од Нова и Стара Загора, противпожарни и полициски единици – пет екипи на противпожарната бригада и пет екипи на бугарското МВР.

На автопатот кон Софија бил создаден сообраќаен метеж од неколку километри, но бил направен коридор за возила за итни случаи.

Подоцна вечерва директорот на болницата во Стара Загора, Јовчо Јовчев, за БТА рече дека седумнаесет повредени деца биле донесени во болницата по несреќата на автопатот „Тракија“.

„Најмладиот има 6 години, најстариот 17 години. Тројца се со набиеници и гребници, а еден маж има потешка повреда на ногата изјави д-р Јовчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Асошиејтед прес пишува дека поради тоа растат цените на основните продукти и дополнително се погодени домаќинствата кои веќе имаат проблеми поради високите цени на енергијата, храната и станбените трошоци.

Турскиот статистички институт соопшти дека во септември цените пораснале за 3,08 отсто во однос на претходниот месец.

Експертите тврдат дека инфлацијата е многу повисока од официјалната статистика, а независна група за истражување на инфлацијата денес ја оцени годишната стапка на дури 186,27 отсто.

Минатиот месец турската централна банка уште еднаш ја намали каматната стапка, снижувајќи ја референтната стапка на 12 отсто и покрај растот на цените и падот на лирата.

Лирата изгуби преку 50 отсто од вредноста во однос на американскиот долар откако централната банка почна да ги снижува стапките минатата година.

Руската инвазија на Украина и падот на лирата ја поттикнаа инфлацијата.

Инфлацијата во Турција највисока во последните 24 години

Годишната инфлација во Турција достигна во септември нов максимум во последните 24...

Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на 23,5 проценти од гласовите за ГЕРБ, додека зад нив со 19,5 проценти е „Продолжуваме со промените“ на експремиерот Кирил Петков. Седум партии и коалиции ќе имаат свои пратеници во идниот 48. парламент.

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни...

Продолжените политички превирања се закануваат да ги поткопаат аспирациите на Бугарија да се приклучи на еврозоната во 2024 година во услови на двоцифрена инфлација и високи цени на енергијата и може да доведе до омекнување на ставот на Софија за руската војна во Украина.

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со...