
Македонија
Вести
Ги молам сите во светот, немојте да помислите дека затоа што сакаме да разговараме, што бараме дијалог, што молиме за дијалог, немојте да помислите дека некому ќе му дозволиме напади или протерување на нашиот народ од своите вековни огништа. Никогаш тоа нема да го дозволиме“, кажа Вучиќ.
За разлика од другите, кои, како што кажа, секогаш подобро и посилно се чукале во гради, тој тоа не го умее:
„Но, ви кажувам – ќе дејствувам неспоредливо порешително и Србија ќе победи дури и ако биде натерана на такви нешта“, кажа Вучиќ.

Порача и дека народот мора да разбере дека не може секогаш да има сѐ што сака и дека не може да ги натераат сите други да мислат онака како што тие мислат.
„Туку мора да гледаме и разбереме како и каде се движи светот. Да ги почитуваме и сите други во регионот и дека и покрај најдобрите односи со Унгарија, Романија, Бугарија и Грција, ќе мора да градиме и подобри односи и со Црна Гора и со Северна Македонија, и многу подобри односи со БиХ, не сметајќи го Додик, а и со Хрватска“, истакна српскиот претседател.
Знам што е моја одговорност и се грижам за луѓето во КиМ. Тоа нема да биде лесно за нас, па затоа повторно се заблагодарувам што дојдовте во олокав голем број. Без вас толку многу, јас не би можел да излезам пред Сија, Путин, Меркел, Макрон во следните неколку дена “, рече српскиот претседател.
Без оглед на навредите од сите страни мора да се смириме, и својата сила да ја покажеме не со тоа што ќе реагираме на сѐ, да одговараме на пцовка со пцовка, туку на паметен начин да се обидеме да ги придобиеме тие луѓе на своја страна, кажа Вучиќ.
„Само ако сме сите заедно ќе можеме да бидеме посилни, да привлечеме повеќе инвеститори. Со конфликти и кавги нема да добиеме ништо и ќе вложам голема енергија за да направиме такви услови за развој на единствен економски пазар на целиот Западен Балкан, да можат камионите со стока да минуваат преку границите многу побрзо од денес“, порача Вучиќ.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=80&v=Spgbc3KyR7c
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.