Продолжен викенд

Објавил: Калина Мартинска | 11 октомври, 2024 15:40

(ВИДЕО) Големи колони на Табановце, за влез во Србија се чека и по 1 час

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Големи колони на граничниот премин Табановце за излез од Македонија кон Србија. На преминот се чека над 1 час. Стотици автомобили во повеќе колони.

Овој правец на преминот е на One stop режим и документите се проверуваат на српската страна од границата.

На преминот вчера беа македонскиот и српскиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ и разговараа за мерки за полесно преминување на границата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.