Во грчкиот Парламент

Објавил: Калина Мартинска | 15 мај, 2024 17:24

ВИДЕО: Грчки пратеник при седница го скина Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска во грчкиот парламент беше искинат Договорот од Преспа кој беше потпишан од страна на Македонија и Грција, а по што Македонија го смени името на државата.

Документот беше скинат од страна на пратеникот Кирјакос Велопулос од Хеленик Солушн, кој на овој начин изрази негодување за случувањата околу прашањето за „северна“.

„Нашиот проблем е логиката со која ја учат својата историја. Дали сакате да разговарате со нив? Ако сакате да ја почитувате солзата на Константинос Караманлис, има едно решение за НД: Ако тој не може, ние ќе го направиме. Ова е договорот од Преспа, ако имаше пристојна национална, патриотска, социјална власт ова ќе го правеше овде“, рече тој и го скина договорот.

Тој додава дека ова е тоа што го заслужуваме.

„Самите го искинаа. Денеска донесете ги меморандумите за да гласаме сите против нив“, заклучи тој.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.