Историска победа на Вардар за во финале

Објавил: Узунов Бобан | 1 јуни, 2019 19:56

(видео) Еве го херојот на победата на Вардар над Барселона

Фото/Текст извор: ©магазин

Македонскиот ракометен првак Вардар направи чудо на Ф4 и се врати од бездната, за голем триумф над Барселона и пласман во големото финале на ЛШ, а еден од јунаците на мечот беше Дејан Милосављев.

Српскиот чувар на мрежата дојде како дебитант на Ф4, а на првиот настап, против екипата која игра во најдобра форма во Европа, забележа вртоглави 18 одбрани. Избраниците на Чави Пасквал беа фрустрирани од голманот кој дојде како замена за Арпад Штербик, затоа што беше неверојатен. 

Вардар од наредната сезона ќе мора да бара нов голман, затоа што Милосављев веќе договори нов трансфер и заминува во германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин.  

Најефикасeн поединци кај македонскиот шампион беше Кристипанс со девет голови, но блескаше и Милосављев на голот, додека во таборот на Барселона одличен натпревар одигра Гомес со девет погодоци. Големото финале се игра утре попладне од 18:00 часот со екипата на Веспрем. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести