Народен правобранител

Објавил: Калина Мартинска | 19 февруари, 2025 16:22

Видео: Живот во црно – по 13 години девојче од Скопје конечно впишано во матичната книга на родени

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Повеќе од една деценија фантомски живот во Македонија. По 13 години невидливост,девојче од скопско Шуто Оризари, конечно стана видливо за општеството.

Нејзините мајка и баба повеќе десетина години се борат со како што велат, неажурноста на инстиуциите, за нивното чедо да добие извод од матичната книга на родени. Бабата на малолетното девојче со силни емоции раскажа дека со години биле препраќани од една во друга институција, за на крај случајот да отиде во рацете на Народниот првобранител и да се реши за само неколку недели. Внуката на Ѓулизар Сулејмани сите изминати 13 години била спречена на правото за лекување и школување.

Според Народниот правобранител Насер Зибери проблемот за вадење на лични документи во Македонија е системски, нотирани се низа пропусти во работата на Управата за матични книги.

Правобранителот кажа дека околу 700 луѓе во Македонија живеат без документи кои немаат матичен број, и немаат извод од матичната книга за родени.Најголемиот дел од нив се Роми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.