Во пожарот што изби вчера околу 11 часот во јужниот дел на грчкиот остров Закинтос, материјална штета претрпеа неколку куќи, а две села и еден хотел беа превентивно евакуирани.

Објавил: Валерија Петрова | 16 септември, 2019 10:58

ВИДЕО: ЗАКИНТОС ГОРИ – пожарот зафати КУЌИ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Големи планмени јазици беснеат во Грција, пожарникарите едвај се справуваат со пожарот.

Пожар кој избувна во шумите близу селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос и понатака е надвор од контрола, а пожарникарите се борат со огнената стихија цела ноќ.

Во пожарот што изби вчера околу 11 часот во јужниот дел на грчкиот остров Закинтос, материјална штета претрпеа неколку куќи, а две села и еден хотел беа превентивно евакуирани.

-Вчера беше многу опасна ситуацијата. Фронтот и понатаму е голем, над 10 километри, но во текот на ноќта имавме промена на правецот и сега ситуацијата е побезбедна, вели градоначалникот на Закинтос, Никитас Аретакис за грчкото радио „Тема“ и додава дека неколку домови претрпеа штета, а горат илјадници хектари шума.

Доцна синоќа на островот пристигнаа пожарникари од Солун, но и генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хараљас. Во справувањето со огнените јазици учествуваат 171 пожарникар со 52 возила, две специјални пожарникарски единици, девет пешадиски единици, два авиони и четири хеликоптери, а помагаат и 13 цистерни од општината.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на плоштадот во едно од селата во близина на пожарот, кое што беше евакуирано вчера, се наоѓа координативниот центар, а генералниот секретар за цивилна заштита ги координира активностите на пожарникарите и инволвираните во гаснењето на пожарот.

Закинтос е остров во Грција и е трет по големина од седумте најголеми Јонски Острови. Лежи во јужниот дел на Јонското Море, кое е дел од Средоземното Море. Има површина од 410 km², а должината на крајбрежјето е околу 123 km. Островот е именуван по Закинтос, синот на легендарниот аркадиски шеф Дарданус. Името, како сите слични имиња кои завршуваат на -нтос, е предмикенско или пелазгиско по потекло. Закинтос има многу развиен туристички сектор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, јас тоа ќе го зграпчам! Јас нема да ве лажам како некои, изјави Александар Вучиќ.

Вучиќ: Америка нема да го промени својот став, нема да ни дадат поделба на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на ветропаркот во Мермер кај...

Мајката на Мишо го скршила зглобот на левата рака со цел за да го спаси својот син, а лекари на Брзата помош констатирале само смрт на маладото момче. Миша неодамна се оженил и има шестмесечно бебе.

Таткото го возел тракторот, синот загинал: Мајката скокнала под тркала и ја скршила ракта во обид да го спаси

Мишо Мандиќ (28) убиен додека берел тутун во селото Глушчи, Србија. 28-годишното момче...

Курти на својата страница на Фејсбук напиша дека „народот вчера одлучи промените да ги предводи Движењето Самоопределување“.

КАКВА ПОЛИТИКА ЌЕ ВОДИ КУРТИ КОН СРБИЈА: Ќе укине такси и ќе бара воено обештетување

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, ден по парламентарните избори...

Колинда изрази благодарност до сите Хрвати кои и дале поддршка и доверба, а се заблагодари на ХДЗ, на претседателот на партијата, Андреј Пленковиќ и на секој член.

Под слоганот „Затоа што верувам во Хрватска“ Колинда ја објави кандидатурата за втор мандат

Колинда Грабар Китаровиќ првата жена претседател на Хрватска под слоганот „Затоа...