Во несреќа

Објавил: Калина Мартинска | 21 мај, 2024 9:29

(Видео) Започна погребот на иранскиот претседател Раиси

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Започна погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Иранците се собраа на погребната поворка на претседателот Раиси во северозападниот град Табриз, главниот град на провинцијата Источен Азербејџан. Неговото тело подоцна ќе биде пренесено во Техеран.

Во несреќата загинаа и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и уште седум други лица.

 

Иранските медиуми објавија видео на кое се гледаат ковчезите на Реиси и Абдолахиан поставени еден до друг и покриени со ирански знамиња.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, прогласи петдневна жалост по смртта на иранскиот претседател.

Турција тврди дека хеликоптерот во кој се возел Раиси не испраќал сигнали

Хеликоптерот во кој загинаа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахијан немал вграден примопредавател или тој бил исклучен, утврди првичната истрага на турската спасувачка група која ги пронајде остатоците.

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу изјави дека по веста за несреќата, турските власти провериле дали има сигнал од транспондерот на хеликоптерот кој емитува информации за висината и локацијата.

„За жал, системот најверојатно бил исклучен или хеликоптерот воопшто го немал“, изјави Уралоглу.

Исто така се дозна дека официјални лица испратиле меморандум до иранската влада за купување два руски хеликоптера за лидерите на земјата, загрижени за состојбата на застарената флота ирански хеликоптери, кои тешко се одржуваат поради санкциите. Леталото што се урна во неделата близу границата со Азербејџан беше хеликоптер „бел 212“ од американско производство, чија старост не е позната.

Другите два хеликоптера кои биле во конвојот на Раиси безбедно го завршиле патувањето и засега нема назнаки дека несреќата била саботажа. Израел, еден од најголемите непријатели на Иран, веднаш негираше дека е вмешан на кој било начин.

Погребот на Раиси ќе се одржи утре, кога целата земја ќе биде затворена. Неговите должности привремено ги презеде првиот потпретседател Мохамад Мохбер, кој распиша избори за 28 јуни.

Види и ова:

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерската несреќа

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.