Најубави чоколадни крофни.

Објавил: Сара Фемина | 5 јуни, 2019 22:25

(ВИДЕО) Крофни полнети со крем!

Фото/Текст извор: ©моирецепти

Рецепт за домашни крофни како од најпознатите ланци на ресторани во светот.

Меки и сочни, полнети со чоколаден крем, или пак само со шеќер во прав. Мора да ги пробате! Превкусни се и совршени за вашата кујна !

Крофни полнети со чоколадо или мармалад. По ваша желба можете да ги гарнирате како што сакате. Со ореви или малини ќе изгледаат превкусно.

Состав:

50 мл. млеко
100 мл. кисела вода
50 гр. растопен маргарин
1 јајце
1 свеж квасец
1 лажичка шеќер
1/4 лажичка сол
кора од лимон
600 гр. брашно + за расукување

Подготовка:

Чекор 1:Квасецот ставете го во млакото млеко со шеќерот и малку брашно да се активира. Потоа постепено додавајте ги течните, па сувите состојки. Замесете тесто кое ќе биде средно меко.

Чекор 2: Ставете го тестото на работната маса, посипете со брашно и нежно притиснете со дланките. Потоа развлечете кора со дебелина од 6-8 милиметри. Со набрашнета чаша вадете форми и редете ги на чиста крпа. Покријте ги и оставете ги да киснат уште 20 минути.

Чекор 3: Пржете ги во загреано масло, но огнот не смее да биде многу јак. Крофните во тавата почнуваат сами да растат, но попрскајте ги со врелото масло за уште побрзо да нараснат.

Чекор 4: Готовите крофни наполнете ги со чоколаден крем или мармалад, по желба, и попрскајте ги со шеќер во прав. Можете и да ги оставите празни, попрскани само со шеќер во прав и цимет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.