Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

Објавил: Едмонд Бекири | 27 јуни, 2022 21:08

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

Инцидентот во Собранието се случил откако претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми го ставил дневниот ред на гласање.

Прва на говорницата излезе пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која стиска на системот за гласање, а по неа и Антонијо Милошоски. Тој го трга микрофонот на кој Адеми зборува. И тогаш, Адеми удира по раката на Милошоски. Ова е регистрирано и од собраниските камери.

Откако Милошоски не ја трга раката од собранискиот микрофон, Адеми го удира и по вторпат па му ја тегне раката. Адеми, станува од фотелјата и го удира Милошоски по третпат. Потоа, нервозно станува и со порцеланска шоља за кафе фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред неговиот пулт.

Милошоски му вели: „Удри, ајде, удри, удри“, по што Адеми фрла со шољата, а потоа и други предмети. Со пластично шише вода фрла и го удира Милошоски.

„А1он“ се обиде да исконтактира со Милошоски и Адеми, но не одговараат на повиците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...