Милошоски: Само заменикот има законско овластување да го менува министерот за финансии. Доколку документите од министерството за финансии ги Потпишува премиерот, тоа ќе биде злоупотреба на службената положба и овластување!

Објавил: Узунов Бобан | 26 јуни, 2019 14:54

(видео) Милошоски: Само во Белизе има и премиер и министер за финансии, кој е најпознат по криминал и корупција.

Фото/Текст извор: ©магазин

Жестока дебата се разви во македонскиот парламент за предлогот за двојната фунцкија на Заев, каде се предлагаше да биде и претседател на Влада и министер за финансии. Белизе е единствената земја во светот каде премиерот е и министер за финансии, но овој премиер е најспоменуван за криминал и корупција, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната собраниска седница каде се дебатира за реконструкција на Владата. Заев не отстапува, вели дека иако нема да биде избран за министер, сепак сака да раководи со министерството за финансии.

Според законот за организирање за државната управа јасно е напишано дека заменик министер го заменува министерот. Секој потпис на премиерот ќе биде незаконит потпис и ќе биде криминал. Доколку Заев сака да ја концентрира власта, да биде поблиску до парите и да прави едно евро за некого, едно евро за секого, тогаш треба да го разреши и заменик министерот за финансии. Во спротивно, ако е разрешен само министерот за финансии, заменичката на министерот, г-а Елези, согласно член 48 од законот за органи на државна управа е единствено надлежна да ги извршува функциите на министерот, во случај кога тој е разрешен, деловно неспособен или починат. Премиерот Заев за време на претседателските избори рече дека ќе прави “метла“ таму каде што има неефикасност. Но, ова што денес се случува покажува неефикасност и дезориентираност на самиот премиер. Еден премиер кој самиот не знае дека не може да се предложи и за министер покажува дека е нефункционионален. Доколку утре премиерот потпишува документи од Министерството за финансии тоа ќе биде злоупотреба на службената положба и овластување – рече Милошоски.

Заев на денешната седница повтори дека законот дозволува со одлука на Владата да се пренесат надлежностите од премиерот на министерот. Како што рече тој, тоа го дозволува и Уставот.

– Не треба да има страв зошто премиерот ќе води минисерски ресор, тоа се случвуа во многу земји, не сме го измислиле – рече Заев.

Осман Кадриу, уставен судија, изјави: Ова што го прави премиерот е нечуено. Заев го фалеше Тевдовски, а сепак го разреши, и потоа се назначува себе си, а тоа значи дека тука мора да има некој интерес. Заев требаше да се откаже од премиерското место ако веќе скаше да оди во Министерството за финансии. Направи лоша работа, а граѓаните му дадоа лоша оценка“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со многу емоција, заедно со народот подготвена сум да ја понесам тежината на борбата.

Моќна порака на Мизрахи: Должни сме да си ја одбраниме нашата мајка, Македонија- НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКИ НАРОД

Како што мечката си го брани своето мече, должни сме да си ја одбраниме нашата мајка,...

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема...

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...