Уште на самиот почеток на неговиот настап во првиот круг тој доби шест „да“ од членовите на жирито

Објавил: Данаил Михајловски | 27 септември, 2018 17:00

ВИДЕО: Младиот Огнен повторно воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Младиот скопјанец Огнен Здравковски повторно го воодушеви жирито во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ со својот глас.

Уште на самиот почеток на неговиот настап во првиот круг тој доби шест „да“ од членовите на жирито.

Согласно новите правила на музичкото натпреварување, 21 годишното момче мораше да одбере еден член од жирито за свој ментор. Дека одлуката пред која се најде му падна навистина тешка, говорат и коментарите од членовите од жири комисијата кои имаа само пофални зборови за него, како за неговите вокални способности, така и за тоа дека нашиот Огнен е младо и културно момче.

Откако по пат на елиминација, останаа како опции Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, Огнен пресече и ја одбра Марија која беше воодушевена и пресреќна од неговата одлука таа да му биде ментор.

Одличниот настап на младиот Огнен и коментарите од членовите на жирито може да ги погледнете во видеото во продолжение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Видео

Сите ја знаеме љубовната приказна од овој филм и сите стоиме на ставот дека би било поубаво кога крајот би бил поинаков. И бил поинаков, но во текот на монтажата бил исфрлен.

ОВА Е КРАЈОТ НА “ТИТАНИК” ШТО НИКОГАШ НЕ ГО ВИДОВМЕ(видео)

Филмот „Титаник“, проект на познатиот режисер Џејмс Камерон, бил озлогласен како...