
Македонија
Вести
Откако беше пуштен од болница, Јован Костадинов беше пречекан како херој во неговото средно училиште, а оствари средба и со премиерот Христијан Мицкоски
Од внатре се слушаа само пискотници од девојки, а јас зедов една маса, го скршив прозорот и со цревото прскав внатре две до три минути – вака започнува сведоштвото на 19-годишниот Јован Костадинов од Виница кој од пожарот во таканаречената дискотека „Пулс“ во Кочани успеа да спаси 21 лице. Во видеото кое е објавено на социјалните мрежи на „suportkochani“, Костадинов вели дека тој најпрвин се обидел да влезе од глалвниот влез, но таму имало многу заглавени лица и немало можност да се влезе, по што тој заедно со други лица ја скршиле влезната врата и започнале да ги вадат заглавените луѓе, еден по еден.
„Тие што беа најгоре врескаа, беа изгорени, имаше и онесвестени. Уште тогаш на почетокот и додека имаше свесни луѓе и додека беа сите идеше побрзо, тие што ги вадиш сами излегуваа надвор пред диското, ама потоа почнаа да се извлекуваат само онесвестени“,вели Костадинов.
Костадинов вели дека додека извлекувал луѓе на безбедно, забележливо дека во просторот имало премногу чад, а од глетката, започнало да му се врти и да му се лоши.
„Почна да ми се повраќа од тоа се што ги видов, од тоа што плачеа , што пискаа и беа целите изгорени и после тоа почна да ми се врти, дами се повраќа и јас излегов надвор и кога излегов надвор тогаш земав воздух, ми олесна и тогаш паднав на колена и многу ми се слоши кога за среќа имаше некој до мене“,рече тој.
По доаѓањето на медицинските тимови, тој заедно со уште две лица кои биле свесни а чии глави тој ги држел исправени за да не го проголтаат јазикот биле пренесени во болница, каде добиле кислород.
„Во болницата кога ги однесовме директно им ставија кислород, проверија дали имаат пулс. Таму во болницата беше хаос“кажа Костадинов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.