Како што соопшти претходно, Обвинителството го сомничи генералниот секретар оти во периодот од април 2021 до јануари 2022 г., без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма кој бил во вкупна вредност од околу 941 985 евра што е за околу 147 000 евра повеќе од 795 000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2022 7:27

(ВИДЕО) Мухамед Зеќири спроведен во затворот во Шутка, судот му одреди притвор

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Судијата на претходна постапка се одлучил за најстрогата мерка бидејќи, според соопштението од Кривичен, смета дека постојат опасности од бегство, од уништување на трагите или влијание на сведоци, како и опасност дека ќе го повтори кривичното дело!

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, доцна вчера заврши во притвор откако судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје го прифати барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

По одлуката, со полициско возило кое излезе од гаражата на судската зграда, Зеќири беше однесен во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 став 1, точки 1,2 и 3 од Законот за кривична постапка (ЗКП)“,нсоопштија од Основниот кривичен суд.

Тоа значи дека судијата на претходна постапка се одлучил за најстрогата мерка бидејќи смета дека постојат опасности од бегство, од уништување на трагите или влијание на сведоци, како и опасност дека ќе го повтори кривичното дело.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Со него како осомничени дека му помогнале се и двајца хрватски државјани, за кои исто така е одреден притвор, но со оглед дека се недостапни на органите на прогонот, мерката за нив ќе почне да важи кога евентуално би биле приведени.

Меѓутоа, за овие две лица, како што претходно изјави надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ, оперативните сознанија од МВР се дека тие се надвор од државата.

Истрагата беше отворена вчера, а се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...