Натпревар со многу контроверзии вчера одиграа Реал Ваљадолид и Реал Мадрид (1:4)

Објавил: Сања Кукиќ | 11 март, 2019 14:37

(Видео) Никој нема во ВАР-собата, шпанскиот фудбалски сојуз се правда

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Несекојдневна ситуација е забележана на натпреварот кога во првиот дел, главниот арбитар побара помош од ВАР-собата, но следеше шок…

Ваљадолид постигна погодок, а судијата реши да се консултира со видео-технологијата затоа што истиот беше спорен. Но, следеше шок за Шпанецот, затоа што кога побара одговор од колегите, во собата немаше никој. Баш никој. Освен судијата и публиката на стадионот уште стотина милиони гледачи во телевизискиот пренос можеа да видат дека ВАР собата е празна и како екраните и светлата се исклучени.

И покрај тоа што внатре немаше никој, тој реши да го поништи голот.

Подоцна Шпанскиот фудбалски сојуз излезе со објаснување за оваа контроверзна ситуација.

Грешка направил режисерот на преносот од Ваљадолид кој кога Хесус Гил побарал помош од ВАР камерата ја покажала празната ВАР соба во куќата на шпанскиот фудбал, место онаа каде што биле судиите кои се задолжени да го следат натпреварот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2019" е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран.

Во Струмица утре почнува меѓународниот „Пандев Куп 2019″

Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2019″ е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија,...