Како што објавија грчките медиуми, подрачјата од градот Нафпактос и Патре, биле погодени од поплави, но за среќа нема повредени ниту исчезнати. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2019 11:43

ВИДЕО: Ново невреме ја зафати Грција, поплавени продавници и домови – за среќа нема повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ново невреме ја зафати Грција. Повеќе од десетина луѓе се евакуирани во западна Грција.

Како што објавија грчките медиуми, подрачјата од градот Нафпактос и Патре, биле погодени од поплави, но за среќа нема повредени ниту исчезнати. 

Како што изјавија надлежните, биле забележани повеќе од 32.500 громови, главно во северниот и централниот дел на Грција, бројни куќи и продавници се поплавени.

Грчките медиуми по невремето на 11.07. 2019 објавија дека петмина од загинатите се од Романија, Чешка и Русија, а животите ги загубиле во Неа Плагија, Созополи и Потидеа на Халкидики.

За потсетување, во силното невреме на 11 јули, кое ја погоди соседна Грција, поточно полуостровот Халкдики животот го загубија 7 лица, додека повеќе од 100 се повредени.

Невремето беше проследено со дожд, град и со силен ветер, а меѓу загинатите беа Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. 

Повредените итно беа пренесени во неколку болници на Халкидики и во Солун.

За среќа ниеден македонски државјанин не беше жртва во невремето кое ја зафати Грција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Здравствените служби потврдија дека 23 лица, меѓу нив 5 деца биле прегледани во болниците, но само едно лице било задржано за дополнителен третман на повредите.

Путин ги одликува пилотот и копилотот за безбедното слетувањето на патничкиот Ербас во поле со пченки!

Пилотот на рускиот патнички авион кој остана без енергија во двата мотори откако во...

Имено Морина кој по потерница од Србија од македонските власти требаше да биде испорачан во Белград, но ваквата одлука не беше прифатена па доцна, синоќа беше дочекан во својот дом во родното Ѓаково како херој, пишува приштински „Газета Експрес“.

ВИДЕО: Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина со тапани пречекан вo Косово

Томор Морина,поранешниот припадник на ОВК, беше уапсен на граничниот премин Блаце...

Но наспроти Европа, во Австралија утринава е забележана прекрасна глетка. Имено, Австралија е погодена од бран студен воздух што донесе снег и ветрови од 100 километри на час.

Европа со температури над 40, Австралија под снег

Топлотниот бран е насекаде во Европа. Температури над 40, висок ув индекс, секојдневно...