Се уште нема детални информации за несреќата која се случи вчера доцна попладнето, на самиот влез во Кочани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2019 11:00

Видео од превртениот автобус во Кочани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Патнички автобус се преврте вчера во Кочани, а најмалку 6 лица завршија во болница.

Вчера доцна попладнето се преврте автобус кој сообраќал од Штип кон Кочани

Се уште нема детални информации за несреќата која се случи вчера доцна попладнето, на самиот влез во Кочани.

Автобусот сообраќал од Штип кон Кочани, а според првичните податоци, до несреќата дошло кога возачот се обидел да избегне возило кое излегло пред него, при што изгубил контрола и излетал надвор од патот во шанец длабок 10-тина метри.

Две жени поради посериозни повреди се задржани во Општата болница, а другите петмина повредени се пуштени на домашно лекување.

Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение.

– Околу 15:30 часот на нашето одделение беа донесени седум лица кои се пожалија на повреди здобиени при превртување на автобус во кој се наоѓале. При прегледот е констатирано дека кај една од повредените има скршеница на две ребра, а друга се здобила со исеченици. Тие се задржани за натамошна опсервација и третман. Кај другите пациенти имаше набиеници од ударот, но без посериозни последици, поради што ги пуштивме на домашно лекување, изјави вчера Томе Солевски, хирург во Општа болница – Кочани.

Повеќе информации се најавуваат за денеска.

Извор: Телевизија Стар

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во обвинителството се наоѓа и СМС порака помеѓу Заев и лице кое од него бара пари додека Заев му посочува да оди во седиштето на СДСМ каде и од кого ќе ги добие парите. Парите ќе му бидат исплатени во општинската зграда во Струмица од извесни Љупка и Кате.

„ЛА ВЕРИТА“ 2 ДЕЛ: ВИЦЕ ЗАЕВ НАРЕДУВАЛ „ДОЈДИ ВО ШТАБ ЌЕ ТИ ДАДАМ ПАРИ ДА ГЛАСАШ НА ИЗБОРИТЕ“ – Илјадници евра фрлени за поткуп на гласачи во Струмица

Од она што го видовме на „Ла Верита“ во изборните манипулации не бил вклучен само...