Видео од фаталната тепачка во Лисиче каде беше убиено 17 момче

Објавил: Узунов Бобан | 14 август, 2019 12:55

Видео од фаталната тепачка во Лисиче каде беше убиено 17 момче

Фото/Текст извор: ©магазин

Седумнаесетгодишно момче го загубило животот откако по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник.

Напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.

– Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со визоло на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал, појаснија од МВР.

Полицијата го пронашла и привела А.Т. и работи на расчистување на случајот.

„Независен весник“ објави и снимка од тепачката која претходела на убиството, снимена од околните згради.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На новите маички кои се голем хит во Грција, стои Сонцето од Кутлеш пред и по Заевото брусење на капаците од шахтите.

Грците се пошегуваа на наша сметка: Носат маички со изгребаното Сонце од Кутлеш

Откако пред четири дена Владата донесе наредба за отстранување на сонцето од Кутлеш...

Како што беше објавено наводно во телефонот на Боки биле пронајдени и експлицитни фотографии од нивното интимно дружење. Порталот објави дека фотографиите сега се во рацете на истражните органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската на водителот и српскиот политичар има врска со аферата Рекет.

Пронајдени СМС пораки, експлицитни фотографии и две видеа кои докажуваат дека Боки бил во врска со српски политичар?

Откако завчера српски Телеграф излезе со насловна страна на која стоеше дека Боки...

Како што објави српски Курир, наводно  Боки нагласил дека ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето, односно вмешаноста во случајот Рекет за кој тој е првоосомничен и во моментот се наоѓа во затворот во Шутка.

Боки 13 бара преместување на психијатрија, се заканил со докази против Заев

Првоосомничениот за случајот Рекет Бојан Јовановски испратил порака до државниот...