Вчера муслиманите ширум светот го празнуваа големиот муслимански празник Бајрам. Отккао целиот месец го поминаа во пост и молитва, вчера припадниците на исламската вероисповед се упатија во џамиите на молитва за Бајрам.
Иако во Македонија беше воведен полициски час од вчера, недела во 11 часот, сепак изгледа тоа не важи за сите. Имено православните верници имаа забелешки за ваквата одлука поради тоа што за најголемиот христијански празник Велигден, имавме 85 часоврен карантин, а верниците немаа можност да одат во црква и да се причестат, што доведе до многу критики.
Но настрана тоа, по завршување на молитвата, вчера муслиманските верници продолжија со своето славење и видно расположени со музика го прославија празникот.
Според последните податоци објавени од министерството за здравство токму во населба Чаир, има најмногу заболени со коронавирус во последните 24 часа, што очигледно е резултат на непочитување на мерките за заштита.
Бајрам — два големи исламски празника во годината. Првиот Рамазан Бајрам, трае 3 дена еден по друг започнувајќи од првиот ден од месецот шевал, односно десеттиот месец според арапскиот календар.
Вториот празник, Курбан Бајрам, трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според исламски исламскиот календар) и се вика нарекува „празник на пожртвувањето“ затоа што тогаш се колат овни и им се делат на сиромасите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.