Непроценлива историја и култура ,,проголтана,, за неколку часа. Не успеа да се спаси Богородичната Црква во Париз!

Објавил: Сања Кукиќ | 15 април, 2019 22:21

(Видео) Падна и камбанаријата во Норт Дам

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Падна камбанаријата на Богородичната Црква. Пожарникарите немоќни, нема да може да ја спасат Нотр Дам, која е во процес на реставрација што требаше да трае во фази околу 20 години.

Од безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари „канадер“ зошто еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа моше да се урне.

Претседателот Емануел Макрон, кој поради пожарот го одложи најавениот говор за кризата со протестите на жолтите елеци, е на местото на пожарот на состанок со полицијата и го смета за врвна вонредна состојба за државата.

УНЕСКО рече дека стои заедно со Франција и ќе помогне во спасувањето и реставрацијата на катедралата од 12. век, една најславните градби во светот со бесценети уметнички дела што дневно ја посетуваат над 30.000 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти