Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ кој ја водеше македонската репрезентација во најголемиот успех на Европското првенство во 2011 година кога го освои 4-то место, најави дека ќе се кандидира за прв човек на македонската кошаркарска федерација.
Мандатот на првиот човек на МКФ, Петар Наумоски истекува оваа година, а ќе треба да се избира наследник на негово место.
Настапи во НБА
Непосредно по потпишувањето за „Атланта хокс“, Антиќ не добивал можност да заигра. Својот прв настап за „Атланта“ го имал дури во ноември, на натпреварот против „Њујорк Никс“, одигран на домашен терен во „Арената Филипс“, на кој Антиќ одиграл 12 минути и 55 секунди при што постигнал 4 поени, а имал 5 скокови и 2 асистенции. Сепак, на крајот, „Атланта“ го загубила мечот со 91-95.
Подоцна, по повредата на центарот на „Атланта“, Ал Хорфорд, Антиќ добивал поголема минутажа и играл сè подобро, добивајќи место во првата петорка на „Атланта“. Така, на мечот против Индијата , Антиќ постигнал 16 поени, а на мечот против Мајами Хит и рекордни 17 поени. Најпосле, на мечот против „Орландо Меџик“, одигран на гостински терен, Антиќ поминал дури 33 минути на паркетот и го забележал првиот „дабл-дабл“ во НБА, остварувајќи 10 поени, 12 скокови и една асистенција. Притоа, Антиќ ги постигнал решавачките четири поени во победата против „Орландо“ (натпреварот завршил со резултат од 112-109 за „Атланта“).
Со импресивна кошаркарска кариера Перо Антиќ сигурно е без конкуренција во трката за прв човек на македонската кошарка.
Во првиот дел од сезоната, заклучно со јануари 2014 година, Антиќ покажал солидни остварувања на паркетот: од вкупно 29 настапи во лигата, во просек, постигнувал по 5,8 поени, 3,4 скокови и 1 асистенција по натпревар, а просечно играл 15,5 минути по натпревар. Само во јануари, кога заиграл во првата петорка на „Атланта“, неговиот просек изнесувал 11,4 поени, 5,9 скока и 1 асистенција по натпревар, со прецизност од 49,2% од игра, 43,2% од линијата за три поени и 78,6% од слободни фрлања. Во конкуренција на дебитантите во НБА, Антиќ бил трет најпрецизен шутер на тројки, десетти најдобар скокач и дванаесеттиот најдобар стрелец. Како резултат на одличните игри, Антиќ бил избран за настап на „ол-стар викендот“ (NBA all star weekend), во рамките на таканаречениот „рајзинг старс челинџ“ (rising stars challenge), на кој настапуваат најдобрите дебитанти во НБА лигата и играчите кои втора сезона настапуваат во НБА.
Во гостувањето во „Улица Македонија“, Перо Антиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на оваа федерација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.