Ова е убилеен 30-ти по ред, планинарски марш кој од Битола води до „Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2019 11:32

ВИДЕО: Погледнете како изгледаше искачувањето на првиот Македонец Мурато на Еверест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утринава во чест на првиот македонец кој што го освои Монт Еврест, битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато, планинари од државата и странство, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“-Битола, утрово учествуваа на традиционалниот планинарскиот марш.

Димитар Илиевски-Мурато е роден на 29 септември 1953 година во Битола, а загинува на 10 мај 1989 година на Хималаите на симнување од врвот Пелистер. Илиевски постхумно е одликуван во 2008 година со претседателскиот Медал за заслуги за Македонија.

Ова е убилеен 30-ти по ред, планинарски марш кој од Битола води до „Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер, годинава учествуваат членови на македонските планинарски клубови, гости од странство и претставници на дипломатскиот кор.

-Според востановената традиција, на местото „Димев Врв“ денес околу 13 часот, еден планинар ќе потсети на алпинистичките успеси на Мурато, а учесниците ќе положат цвеќе на спомен бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“, најавија организаторите на јубилејниот планинарски марш.

Како што е предвидено во програмата, учесниците од првата група ќе се движат од Големо Езеро, преку Мало Езеро, Партизански Врв и Широко Стапало ќе стигнат до врвот Пелистер, а втората група планинари која ќе се движи од Палиснопје и Ловечка Куќа ќе стигне до врвот Пелистер.

Инаку овој јубилеен планинарскиот марш е организиран во чест на Димитар Илиевски-Мурато кој е првиот македоноец кој на 10 мај 1989 година се искачи и го освои највисокиот планински врв на Хималаите, но за жал, тој загина на враќање.

Како изгледаше тоа на врвот погледнете го видеото:

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Фрчкоска најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.

Адвокатката на Јанева најави барање за укинување на притвор- ќе излезе ли Катица од затвор?

Ирена Фрчкоска, адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева,...

И покрај забелешките на водителот Васко Попетревски дека јавно соопштените информации говорат оти Русковска освен исказот имала и други докази, Мицкоски не отстапи од тезата.

Нинџа со остра реакција: Мицкоски шири невистини и клевети за да ми го наруши угледот и честа

Александар Василевски – Нинџа, е еден од осудените за настаните на крвавиот четврток....

Тој нагласи дека очекуваат во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да има и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори.

Милошоски: Предлагаме методологија која ќе гарантира дека власта нема да донесе обвинител од типот на Русковска

Антонио Милошоски , пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пред неколку денови примиле...

Според објавените податоци, во домашниот транспорт за македонските граѓани, најмногу се користи автомобилот а најмалку се користи железничкиот сообраќај.

Македонците најмногу патуваат со автомобил, а најмалку го користат железничкиот сообраќај

Податоците на Еуростат кои беа објавени на почетокот на Европската недела на мобилност...