Општина Крушево веќе избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше а автор на идејното решение е Жарко Чаушевски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2019 1:36

ВИДЕО: Погледнете како ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште пред две години беше најавено дека гробот на трагично загинатата ѕвезда Тоше Проески ќе добие достојно почивалиште и тоа 12 години по неговата смрт.

Како ќе изгледа гробот на Тоше Проески фото 360 степени

Општина Крушево веќе избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше а автор на идејното решение е Жарко Чаушевски.Како што велат на овој конкурс всушност  Чаушевски бил единствениот пријавен а е избран по втор пат за уредување на гробот на Проески. Инаку тој е познат по неколку проекти, како проектот „Скопје 2014“, меѓу кои – новата фасада на Владата и преслекувањето на ГТЦ во барок (што не се реализираше).

Како што соопштија општина Крушево за изградбата ќе бидат потребни  150 илјади евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

 

„Според конкурсот на Министерството за култура, за користење на капитални дотации за финансирање капитални ивнестициски проекти од областа на културата, Владата на Република Северна Македонија до 30 јуни ќе ги добие предлог-проектите за финансирање, во кои спаѓа и гробното место на Тоше Проески. До 15 декември ќе се реализираат финансираните проекти, повторно според повикот на Министерството“,

Гробот на Тоше и натаму, по најавата од пред две години дека ќе биде направен како што заслушуваше тој, сепак е во иста состојба.  Ограден со пластика и поплочен со бекатонски коцки што пропаѓаат, ете така се уште изгледа гробот во кој почива најголемата македонска ѕвезда..

Инаку уште пред две години  „360 Степени“ ја раскажа оваа приказнап во пресрет на десетгодишнината од неговата смрт (16.10.2007 г.). 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Неговиот син, познатиот актер Мајкл Даглас како што објави „Мирор“, наводно нема да земе ниту денар. Мирор објави дека Мајкл, „тежи“ околу 300 милиони долари.

Кирк Даглас не му оставил ни цент на својот син Мајкл Даглас

Познатиот холивудски актер Кирк Даглас, кој неодамна почина на 103- години од животот,...

Од една страна, гледајќи го неговиот талент, многумина го охрабруваа да го направи првиот чекор, а кога го стори тоа, многумина мислеа дека тој почнал да се умислува дека е  „ѕвезда“ и затоа повеќе нема да пее по кафеани.

Jас сум роден во Сараево, а таму никој не смееше да каже една работа- искрена исповед на Харис Џиновиќ

Харис Џиновиќ се потсети на своите почетоци, и неодамна во една емисија објасни дека...