Поповите качени на камионче шетаа низ Велес и Кавадарци и со света вода „го бркаа“ коронавирусот од градовите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2020 15:30

ВИДЕО: Попови качени на камионче се возеа низ Велес и Кавадарци и со крстена вода„го бркаа“ коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк извор Либертас.мк фото Либертас.мк

Попови од Велес и Кавадарци денеска го “бркаа”коронавирусот.

Видеото кое го објави Либертас стана вирален хит на социјалните мрежи.

Поповите качени на камионче шетаа низ Велес и Кавадарци и со света вода „го бркаа“ коронавирусот од градовите.

Во Кавадарци денеска се читаше молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас објави МИА.

Поповите качени на камионче шетаа низ Велес и Кавадарци и со света вода „го бркаа“ коронавирусот од градовите.

Пред црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија”, свештеници ја прочитаа молитвата ваташката црква.

– Покадивме секаде низ градот. Опфативме доста улици. Темјанот да покади секаде. Попрскавме со крстена вода. Секако дека веруваме дека тоа ќе помогне. Ако не веруваме, нема да го правиме, за МИА изјави еден од свештениците.

По многуте коментари и споделувања на ваквиот необичен обред на свештениците на својата Фејсбук страница се огласи и Повардарската епархија на МПЦ-ОА.

„Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви.

Бог да ја благослови нашата татковина Македонија и нека ги штити од разни болести и зарази сите оние кои живеат во неа“, стои во соопштението.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...