Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов со лисици беше спроведен во Кривичниот суд.
Тој е еден 23-та осомничени за криминал во Електраните на Македонија, вреден 6 и пол милиони евра. Главниот осомничен Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е недостапен за органите, односно е во бегство, според информациите во Виена, Австрија.
МВР со кривични пријави против 23 лица во акцијата „Адитив“ за злоупотреба и перење пари
Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.
Македонските власти соопштија дека се надеваат на брза и експресна екстрадиција на Ковачевски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.