Во Општина Аеродром

Објавил: Калина Мартинска | 9 декември, 2024 16:36

ВИДЕО: Празен плоштадот во главниот град, Зимзоленд брои илјадници посетители

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Двете страни на предновогOдишно Скопје. Празен плоштад и скромна понуда на едната, детски џагор и богата новогодишна програма на другата страна на престолнината. Новогодишните празници го поделија главниот град. Празничната еуфорија не секаде исто се чуствува.

На плоштадот Македонија воошто не владее празнична еуфорија.

Центарот на градот како да не се подготвува за престојните новогодишни празници.  Слично како и лани, кога фградоначалничката Данела Арсовска во пет до 12 реши да украси, а  плоштадот од Скопје беше повод за потсмев во јавноста и медиумите од регионот.

Оваа година куќарките кои се поставени на плочникот околу пропаднатата фонтана не се отворени за посетителите, гужви има само во околните кафулиња.

“Ние сме од Крушево, ова тука не е украсено, Крушево е подобро украсено, уште пред три дена”, изјави граѓанин

“Дали ова ви изгледа на украсено? Каде гледате дека е украсено? Ова е катастрофа” изјави граѓанин

“Не сметам дека е доволно украсено, но, се надевам дека ќе се подобри, треба да се подобри”, изјави граѓанка

Но не е се така мрачно во метрополата. Предновогодишната атмосфера во Скопје сепак се чувствува благодарение на отворањето на Зимзоленд во  кој се одржува на паркингот на спортскиот центар ,,Јане Сандански” во општината Аеродром. Од Зимзоленд  најавија културна програма која ќе понуди забава за сите генерации, од најмали до највозразни. Новогодишната манифестација ќе трае до 19 јануари, 2025 година.

“Ова е фантастично, одамна требаше да има вакви настани за децата да се радуваат, не само тука, во сите општини” изјави граѓанин

“Супер е. Децата се радосни, уживаат во настанот” изјави граѓанин

“Од утринава сме тука, ќерка ми ужива на лизагалиштето. Ова е добро за сите не само за децата, фантастично е, посебно навечер” изјави граѓанка

Предновогодишното украсување на главниот град последните неколку години го следат низа на контраверзии. Имено, минатата година градот беше украсен без тендер за околу 30.000 евра за што во финансиската полиција имаше оформено и предмет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.