Атентат

Објавил: Калина Мартинска | 15 мај, 2024 16:10

(Видео) Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан денеска во обид за атентат пред владината зграда. Неколку минути по пукањето, на интернет се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси атентаторот.

Според словачките медиуми, напаѓачот испукал неколку куршуми кон премиерот.

На видеото се гледа како петмина полицајци го апсат напаѓачот.

 

На видеото се гледа како полицајците и обезбедувањето во цивилна облека го совладуваат атентаторот и го соборуваат на земја додека граѓаните кои случајно се нашле таму се обидуваат да им се тргнат од патот.

Може да се види и како чуварите држат пиштоли и се обидуваат да го обезбедат местото каде што се случило се.

Според новинарите од местото на настанот, се слушнале неколку истрели. Словачкиот лидер е однесен во болница, а неговиот напаѓач е приведен од полицијата.

Сведок изјави за веб-страницата „Деник Н“ дека слушнала три или четири истрели и го видела Фико како паѓа на земја. Видела рани на главата и градите.

Според медиумите, Фицо е во тешка состојба и ќе биде опериран.

Фико минатата година по четврти пат се врати како премиер на Словачка, која е членка на Европската унија и НАТО. За време на тридецениската кариера, Фико се движеше меѓу проевропските мејнстрим и националистичките позиции што се спротивставуваат на политиките на Европската унија и САД. Тој, исто така, покажа подготвеност да го промени курсот во зависност од јавното мислење или променетата политичка реалност.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан