Нема информации ниту за возачот на возилото. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2020 10:25

ВО ЖИВО: Превртено возило во Вардар во близина на Систина!

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Утринава во реката Вардар, во близина на болницата Систина, во Скопје било забележано превртено возило, објави МИА.

Како што може да се забележи од видеото на МИА, екипата на специјалните единици е на терен, и се обидуваат да го извлечат возилото.

Се уште нема никакви информации како дошло до тоа возилото да заврши во водите на Вардар, no според информациите до кои дојде Телма, од страна на случајни минувачи, возилото најверојатно било празно и паркирано на кејот кај пешачкиот мост во близина на болницата Аџибадем Систина, пред да се преврти во реката.

Нема информаци ниту за возачот на возилото.

Настанот е пријавен во полиција во 8 часот утрината од страна на случаен минувач.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата.

ЕКСКЛУЗИВНО: МВР отвора истраги за носители на јавни функции, министерот Чулев гостин во ТВ21 (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и...

Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.

Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација!

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната...