На овој ден, 19 мај, 2002 година, женскиот ракометен клуб Кометал од Ѓорче Петров, донесе невидена среќа за сите навивачи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 мај, 2020 10:57

ВИДЕО: ПРЕД 18 ГОДИНИ КОМЕТАЛ Ѓ.П. ја освои Лигата на шампионите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден, пред точно 18 години сите срца чукаа како едно, а немаше македонец кој на сиот глас не навиваше за Кометал Ѓорче Петров.

За жал Кометал во 2010 година официјално згасна но резултати и спомените кои ги остави засекогаш ќе останат во нашите срца и ќе бидат врежани во македонската спортска историја.

На овој ден, 19 мај, 2002 година, женскиот ракометен клуб Кометал од Ѓорче Петров, донесе невидена среќа за сите навивачи. Тимот кој сите го паметиме како непобедлив, во натпревар за титула го совлада Херц со 26-22. Во тој периот  тимот беше предводен од Индира Кастратовиќ, Малахова, Бујанова, Платон, Велкова, Нацева, Дину, Будимир, сите врвни ракометни имиња….

Ѓорче Петров е македонски ракометен клуб основан во 1979.

До осамостојувањето на Македонија, ЖРК Ѓорче Петров настапувал во сојузните лиги на поранешна СФРЈ, а по добивањето на независноста и формирањето национална ракометна лига, клубот станал синоним за македонскиот ракомет со 16 шампионски и 15 титули во Купот на Македонија.

Во 1994 година, по триумфот над тогаш неприкосновениот владетел во европскиот женски ракомет, Хипо од Виена, во РК Ѓорче Петров како спонзор влегол „Кометал трејд“ на чело со Трифун Костовски и од маалски клуб го претворил во европски ракометен шампион. Најголемите успеси на тогашен Кометал ЃП (сега повторно РК „Ѓорче Петров“) на меѓународна сцена се освојувањето на титулата европски шампион во 2002 година и вицешампионските титули во 2000 и во 2005 година.

Во шампионската 2002 година, РК „Ѓорче Петров“ го освои и европскиот Суперкуп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...

Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона

Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички. Сите се наоѓаат...

Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува две функции истовремено.

Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсоски, ќе биде новиот...

Веста ја откри тренерот на ракометниот клуб Вардар,  Стевче Алушовски, а доаѓа само четири дена пред дуелот со Нексе во четвртфиналето во СЕХА-лигата.

Стојанче Стоилов позитивен на коронавирус

Капитенот на македонскиот ракометен првак Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на...