Прекинат говорот на екс претседателот Иванов во Мелбурн!

Објавил: Владо Марин | 24 февруари, 2020 12:57

(ВИДЕО) Прекинат говорот на Ѓорге Иванов, евакуирана салата во Мелбурн!

Фото/Текст извор: ©Magazin

Екс македонски претседател Ѓорѓе Иванов, кој со семејството е на посета на македонските иселеници во Австралија, на 22 ри февруари присуствуваше на гала вечер на покана од „The Macedonian Community Welfare Association“(MCWA), пишува Политика.

Но, при говорот на екс претседателот настанала паника по што биле евакуирани сите кои пристуствувале на настанот.

Имено за време на говорот на Иванов се вклучил противпожарниот аларм, при што салата каде што се одржувала гала вечерта биле евакуирана.

Ѓорге Иванов е македонски политичар, универзитетски професор и поранешен Претседател на Македонија во периодот од 2009 до 2019 година. На функцијата стапил на 12 мај 2009 откако победил на претседателските избори истата година како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат бил избран во 2014 година. Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Иако во младоста се интересирал за технички науки, завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Извесно време работел како новинар во МРТ, а бил и член на подмладокот на Сојуз на комунистите на Југославија. Во 1998 станал професор на Правниот факултет во Скопје, а ја извршувал и функцијата продекан на факултетот во еден мандат.

Пред да стане претседател, имал левичарски убедувања и бил активен во невладиниот сектор како член на управниот одбор во фондацијата Отворено Општество.

Собраните средства од купените влезници за гала вечерта со Иванови ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

http://https://youtu.be/ReqGGwJMOz8

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести