Пендаровски изјави дека неговата прва посета ќе биде или во Брисел или на некоја од нашите соседни држави, бидејќи добрососедските односи се предуслов и за соработката со официјален Брисел.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 мај, 2019 23:37

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски: “Ви благодарам и фалиминдерит мој мил народе”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Новиот Претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски на прес конференцијата ги поздрави на албански и македонски јазик, граѓаните на Република Македонија и им се заблагодари на сите за фер и демократските избори.

Во првите две до три недели сакам да го докомплетирам тимот на луѓе кои ќе бидат мои најблиски соработници и ќе се посветам на тоа што е заеднички напор на целата држава во однос на самитот на ЕУ во Јуни, преку дипломатски напори да добиеме датум за преговори, подвлече во својата прва изјава, новиот претседател на Северна Македонија, рече Стево Пендаровски.

Пендаровски изјави дека неговата прва посета ќе биде или во Брисел или на некоја од нашите соседни држави, бидејќи добрососедските односи се предуслов и за соработката со официјален Брисел.

Тој рече дека уште во раните утрински часови на првиот работен ден, веднаш ќе ги потпише законите кои се донесени во прописна собраниска процедура, додавајќи дека е срамно и жалосно дека тие и досега не биле потпишани.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека важечки се 787.272 ливчиња, неважечки се 29.377, односно 3,60 отсто.

„За кандидатката Гордана Сиљановска Давкова гласале 363.980, односно 44,57 отсто од гласачите, или 20,13 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список. За Стево Пендаровски гласале 423.292 гласачи, односно 51,83% од оние што гласале, или 23,41 од запишаните гласачи во Избирачкиот список”, изјави Деркоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...