Ова е држава во која не сме сите исти пред законот !

Објавил: Узунов Бобан | 26 септември, 2019 7:38

(видео) Претседателот Пендаровски со шамар за власта: Ова е држава во која не сме сите еднакви пред законот !

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Сител запрашан за иселувањето на младите и причините за тоа, тој смета дека најголем проблем во Македонија е селективното владеење на правото и дека сите ние не сме еднакви пред законот. 

Пендаровски имаше свој став и за преговорите со Бугарија, Гоце Делчев како и функционирањето на дипломатската мрежа на земјава во странство. 

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Сител запрашан за можноста да се постигне договор за тоа чив е Гоце Делчев рече дека тоа е неспорно. Според него, Делчев е еден од темелите на македонската државност кој се борел за автономна и самостојна Македонија.

– Еве ви еден практичен пример. Денес, јас или вие ако бараме бугарско државјанство мора да се пишеме, не само ние туку и сите наши предци дека се Бугари, дали е точно тоа или не меѓутоа за да добиете бугарско државјанство во 2019 вие мора да се пишете за Бугарин. И сега сакате да ме убедите дека во тој историски контекст, повторувам и инсистирам на тоа, во тој историски контекст 1900 – 1901 година дека Гоце Делчев можел да се пише Македонец? Такви биле околностите во тој период, рече Пендаровски во интервјуто за Сител.

Пендаровски вели дека е неспорна каузата за која се борел Делчев и бара тоа двете страни да го констатираат. 

– Неспорно е дека тој е еден од темелите на македонската државност. Што е спорно околу тоа?, рече Пендаровски. 

Претседателот посочува дека не треба да се врши притисок врз членовите на експертската комисија со поставување рокови за постигнување на решение, а тоа му го посочил и лично на Борисов. 

Во наредните недели ќе се дефинира списокот кои амбасади на земјава во странство ќе бидат затворени. Во моментот има 27 испразнети дипломатски позиции. Според анализата изготвена од МНР, постои предлог да бидат затворени најмалку четири амбасади, вели во интервју за ТВ Сител претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски рече дека во завршна фаза се разговорите со релевантите министри и со Владата, и во наредните недели ќе го заокружат списокот, и ќе се обидат да затворат најголем дел од овие 27 испразнети амбасадорски места.

– Постои една анализа што ја нарачав од МНР веднаш штом дојдов за претседател, да ми дадат функционална анализа како работи нашата дипломатско-конзуларна мрежа. Таму има предлог за затворање на четири, петтата е под знак прашање, четири амбасади минимум, каде што ние немаме голем резон да останеме со дипломатско присуство, рече Пендаровски.

Според него, тоа се држави во кои нема реципроцитет од кај нас се покриваат од друга држава, нема резидентен амбасадор во Скопје, а нема ниту значајна трговска или економска соработка со тие држави.

Претседателот најави дека некои од нашите амбасадори веќе се на пат за дома, конкретно амбасадорот Ивица Боцевски од Бразилија, бидејќи таму, како што рече, ќе одиме прво со редукција, за да можеме да засилиме некои други позиции што ни се многу битни во моментот.

– Можете да замислите ние немаме амбасадор во НАТО, а за неколку месеци влегуваме во Алијансата. Немаме амбасадор во Вашингтон, кај најголемиот стратешки партнер на државата од независноста до денес. Немаме во Москва и да не набројувам понатаму. Она што е погубно за мали држави, е што имаме пет соседи, а во четири немаме амбасадор. Само во еден од нашите пет соседи имаме, што е недозволиво. Само во Софија имаме амбасадор, што во најскоро време ќе биде поправено, истакна Пендаровски.

Во однос на ќорсокакот во преговорите власт – опозиција за Законот за јавно обвинителство, и дали има можност за вклучување странски посредници, вели дека негова проценка е оти странски медијатори нема да се вклучат.

– Ние чекаме датум за преговори со ЕУ и сме на прагот на НАТО и кога разговарате со некој од меѓународните претставници на повисоко ниво или со некој од ЕУ ви велат вие сега практично треба да бидете како нас. И во соседна Албанија каде има многу полоша комуникација меѓу власта и опозицијата, странците не се вклучуваат, рече тој.

Меѓутоа, според него, потребно е вклучување на институција одвоена од политичките партии, што би можела да биде понезависен арбитер или медијатор во таков тип преговори, бидејќи како што рече, само партиски собири не можат да бидат докрај продуктивни ако станува збор за стратешки битни државни прашања. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Владата на РСМ на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Министерство за здравство: Комисијата за заразни болести предлoжи воведување полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести...

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае.

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВОРА: Комисијата за заразни болести предлoжи полициски час во цела држава

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести...

Македонците се разединети и сите ние, политичарите, но и сите партии, имаат учинок и одговорност за тоа. ВМРО има зад себе историски пропуштени шанси, поделби, расколи, но се случувале и обединувања.

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на нашиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ...

„Актуелен беше Клиничкиот центар. Тоа е проект за еднаш во 100 години. Вреден е 500 милиони евра според физибилити студијата од 2014 година од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев: Понудив опозицијата да има институционална контрола врз реализацијата на новиот Клинички центар, тие со 2.000 амандмани го блокираа законот

„Јас сум да постигнеме консензус. За 10%, за 20%, за 30% од прашањата. Тоа ќе ја забрза брзината...