Фудбал

Објавил: Калина Мартинска | 1 јуни, 2024 23:19

ВИДЕО: Реал Мадрид по 15. пат е на врвот на Европа!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Реал Мадрид со блескав финиш на натпреварот ја совлада Борусија Дортмунд во финалето на Вембли и по 15. пат стана шампион на Европа, Карвахал и Винисиус беа стрелци на головите за кралскиот клуб.

Реал Мадрид знае како се победува во финалиња, играа по 18. пат и победија дури 15. пат. Борусија Дортмунд може да жали за пропуштените шанси кои беа многу.

Германците одлично го почнаа мечот, доминираа во првото полувреме во кое Реал Мадрид не направи ништо.

Три шанси имаше Адејеми, а во една од нив излезе еден на еден против Куртоа и не успеа да даде гол, Филкруг ја погоди стативата, а можност имаше и Сабицер. Немаше голови по првото полувреме.

Во вториот дел работите се променија, Реал Мадрид полека почна да станува поконкретен, а тоа вроди со плод.

Резултатот беше отворен во 74. минута кога Карвахал постигна гол со глава по нафрлување на Крос од корнер. Интересно, тој е еден од најниските играчи на теренот, но Реал Мадрид двапати се обиде кон него да нафрли, им успеа од втора. Очигледно ова беше воиграна акција.

По дадениот гол Реал Мадрид продолжи жестоко да напаѓа, Борусија Дортмунд се распадна. Таквиот однос на теренот донесе уште еден погодок за кралскиот клуб, Винисиус даде гол во 83. минута за конечна победа од 2-0.

Борусија Дортмунд во 87. минута се израдува на гол, но тој беше поништен поради офсајд од Филкруг.

На крајот Реал Мадрид се радуваше на 15. титула во Лигата на шампионите, Дортмунд може да жали што не стигна до својата втора европска круна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...