
Македонија
Вести
Различни ставови во однос на Законот за јазиците изразија синоќа тројцата учесници во претседателската трка во четвртата ТВ дебата, која се емитуваше на Алсат, но сепак сите тројца на став дека гласачите не ги делат по етничка основа .
Кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река вели тој е за официјализирање на албанскиот јазик, како втор службен јазик во земјава и промена на Уставот за таа цел.

Нагласи дека кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова беше против донесувањето на овој закон, додека кандидатот, кој ја има поддршката од СДСМ, Стево Пендаровски е за максимално користење на албанскиот јазик, но тој е за негово официјализирање.
Силјановска нагласи дека доколку таа биде претседател ќе ги почитува Уставот и законите. Додаде законски одредби може да се оспоруваат или поништуваат само од Уставниот суд. Сепак нагласи дека има многу забелешки во однос на овој закон – во однос на неговата усогласенот со Уставот и Рамковниот договор, но ќе го почитува и спроведува.
Станува збор за максимална екстензија во однос на т.н. јазични права на етничките Албанци. Кога давате повеќе права на една етничка заедница, а не земате од друга нема опасност од распаѓање на државата, туку на тој начин се зајакнува кохезијата и секој што и мисли добро на Република Северна Македонија би морал да води сметка за таков тип на закони, рече Пендаровски.
Остана неодговорено прашањето од Стево Пендаровски, дали кога давате права на една етничка заедница, другите помали етнички заедници треба да бидат исклучени или дали дуополот во утврдувањето на уставните права ја јакне кохезијата во државата ?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.