
Македонија
Скандал
Ниту вчерашниот неславен рекорд од 241 заразени во земјава од коронавирус, ниту „црните“ сценарија на американскиот Институт за здравствени мерења од Сиетл дека ако не се почитуваат мерките, во Македонија до 1 ноември ќе починат 1800 луѓе од вирусот, не ги поколебаа овие жители на Велес од ромска националност да си организираат свадба, без носење маски и држење растојание, пишува порталот Батали.нет!
Ова се случува денеска низ улиците на градот, поточно на ширинката кај јаворот, во близина на црквата „Света богородица“.
Иако забраната за организирање веселби поради опасност од ширење на вирусот се уште е на сила, овие луѓе го прекршуваат законот, а засега, надлежните ги нема да реагираат. Со ваквото однесување, овие луѓе го доведуваат во опасност и сопственото, но и здравјето на сите граѓани.
Во последните 24 часа во Македонија се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 57
-Куманово 4
-Штип 13
-Тетово 6
-Струга 10
-Охрид-7
-Кавадарци 1
-Гостивар 8
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 1
-Кратово 2
-Свети Николе 12
-Кичево 4
Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од:
-Скопје 35
-Штип 8
-Тетово 33
-Велес 1
-Гостивар 5
-Пехчево 1
Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.