Јужна Калифорнија ја погоди силен земјотрес од 7,1 степени по Рихтер.
Околу 3 часот во по средноевропско време, силен земјотрес ја погоди Јужна Калифорнија. Претседателот Доналд Трамп е информиран за земјотресот и истакнал дека ситуацијата е под контрола.
Епицентарот на силниот земјотрес е во близина на градот Риџерст, кој се наоѓа околу 240 милји североисточно од Лос Анџелес.
Како што известува Си-Ен-Ен, во градот имало голема материјална штета, а неколку жители биле повредени. Луѓето во паника бегаа на улиците, оштетени се куќи, и јавни објекти.
Како што пишува Си-Ен-Ен, оваа област била погодена од повеќе од 1400 големи потреси во последните два дена.
Калифорниски сеизмолог, Луси Џонс, рече дека овој земјотрес е најсилен во регионот од 1999 година.
“Можеме да очекуваме нови земјотреси, а некои ќе бидат посилни од од 3 по Рихтер. Јаки земјотреси посилни од пет степени по Рихтер се со поголема веројатност да бидат над 50 проценти”, рече сеизмологот Луси Џонс.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.