Култура
Видео
Со песните „Плавуша“ од Кичо Слабинац и „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески, нашиот Дамјан Димески успеа да ја освои публиката но и стручното жири во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Дамјан Димески е од Скопје и има 16 години а со неговиот настап успеа да предизвика позитивни коментари и воодушевување.

Неговиот ментор, рокенрол пејачот и актер Ѓорѓе Николиќ, или познат по уметничкото име Џорџе Давид кажа дека и покрај тоа што Дамјан бил настинат успеал да се покаже во најдобро светло, а тоа го прави среќен и особено горд како ментор.
Фасциниран од неговиот настап и енергија Џорџе Давид му се заблагодари на Дамјан со зборовите “Ти благодарам што не ме разочара“, земајќи ги во предвид годините и искуството. –
Џорџе Давид беше член на групата Генерација 5, Ганг и неколку други групи.
Тој има глумено во неколку филмови, телевизиски серии и театарски претстави, а во 2018 година стана член на жирито на најголемото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“
Настапот на Дамјан може да го погледнете од 1:20:59.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Видео
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.