Во центарот на Скопје

Објавил: Калина Мартинска | 28 ноември, 2024 22:23

ВИДЕО: Со рафали се славеше Денот на албанското знаме во центарот на Скопје

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Стотици автомобили попладнево го блокираа главниот град со развиорени албански знамиња, како дел од прославата на Денот на албанското знаме. На крстосницата кај „Мавровка“ се слушнаа неколку рафални истрели од автоматско оружје. Автомобилите претежно беа со тетовски и гостиварски таблички.

Претходно колона од стотина возила тргна од средно Водно и се движеше кон центарот на градот. Сообраќајот беше целосно блокиран.

Во центарот на градот забележително беше засилено полициско присуство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.