Двете лица синоќа исчезнале во водите на реката, а полицајци, пожарникари и граѓани цела ноќ трагале по нив.

Објавил: Стојче Бушин | 29 август, 2020 8:03

ВИДЕО: Трагедија во Гостивар – девојка се удави во Вардар, се трага по човек кој се обидел да ја спаси

Фото/Текст извор: ©а1 он

Телото на девојка која вчеравечер се удавила во водите на реката Вардар во Гостивар, е пронајдено рано утринава, додека се уште се трага по човек кој според информациите скокнал во реката и се обидел да ја спаси девојката, но не успеал, јавува локалната телевизија Глоби.

Двете лица синоќа исчезнале во водите на реката, а полицајци, пожарникари и граѓани цела ноќ трагале по нив.

Според неофицијалните информации, нешто пред полноќ помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата. Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и и тој бил повлечен од брзаците на реката. Набргу потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на првата помош, полиција и пожарникари.

„Околу 1:30 часот бев на мостот во селото Форино каде со вознемирените жители го очекував исходот од потрагата. Полициски службеници со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата, кои последен пат биле видени во близина на селото Чајле,“ пишува новинарот Зоран Гега Маџоски на Фејсбук.

Околу 4:30 часот е објавено дека кај селото Старо Чајле е лоцирано телото на женско лице, објави телевизијата Глоби.

Идентитетот на лицата засега е непознат, а до доцна во ноќта немало официјални информации околу тоа под какви околности започнала драмата, пишува Маџоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

-Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

ДЕТАЛИ ОД МВР за сообраќајката на Рузвелтова во која загина млад доктор

Министерството за внатрешни работи денес соопшти официјални информации за сообраќајната...

Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководел ковид-единицата во детската болница „Козле“.

Последен пат го видов пред Инфективна, маскиран од глава до пети…

Последен пат го видов пред инфективна, маскиран од глава до пети. Го прашував како им...