
Македонија
Вести
Сосема гол маж денеска го искористил сончевиот ден за релаксирачки џогинг во Охрид, нарушувајќи го спокојот на луѓето кои шетаат по кејот, но и граѓаните кои се нашле во центарот на градот.
Според порталот, човекот сред бел ден, „како од мајка роден“ протрчал по целата должина на кејот, продолжувајќи кон плажите, без никој да го запре или воопшто нешто да му рече.
Снимки од несекојдневниот инцидент беа објавени и на социјалните мрежи. Според она што се гледа на видеата, голиот маж го претрчал речиси целиот центар на градот, додека дел од граѓаните му довикуваат погрдни зборови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.