Хорор на автопатот Белград - Ниш, поради магла верижен судир на возила и камиони во кои до сега животот го загубија шест лица а над 30 се повредени

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 12:34

(видео) Шестмина загинати и 30 повредени во верижен судир, автопатот Белград – Ниш затворен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Најмалку шест лица загинаа, а 30 се повредени денеска при верижен судир на автопатот Белград-Ниш, на потегот помеѓу градовите Ќуприја и Јагодина.

Полицијата потврди дека причината за несреќата во која учествувале над триесет возила е густата магла.

При нсереќата, што се случила утрово во 07:20 часот, се опожарени два камиони. Сообраќајот на автопататот е во прекин, а во двата правци се формирани километарски колони од возила.

Се движев од правец на Ниш со нормална брзина. Имаше голема магла и ништо не се гледаше. Почнав веднаш да кочам до камионот пред мене, застанав и излегов. Автомобилите веќе почнаа да се удираат. –  сведочеше за РТС еден од возачите.

Повредените, меѓу кои има и деца, се пренесени во општите болници во Јагодина и Ќуприја. Меѓу повредените во болницата во Јагодина се и тројца странски државјани – грчки, полски и германски.

Спасувачите успеале да ги извлечат од автомобилите сите лица кои биле заробени во своите возила.

Според очевидците, во време на несреќата видливоста на автопатот била сведена на само десетина метри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести