Таа пред своите колеги тогаш истакна 'Се може да пропадне само СЈО не'. Убедливо и решително се обрати тогаш Катица Јанева на своите колеги во изјава дадена пред целиот колектив пред околу 3 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2019 12:00

ВИДЕО: Јавно ветување кое Катица Јанева не го исполни и ги извиси своите колеги

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Разрешената обвинителка Катица Јанева која беше на врвот на СЈО, по се изгледа не си го оствари ветувањето дадено пред околу три ипол години.

СЈО е формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ. СЈО има мандат од пет години, кој може да се продолжува со двотретинско мнозинство во Собранието. Неговата главна задача е да ги истражува и гони можните злоупотреби кои произлегуваат од прислушкуваните материјали во периодот од 2009 до 2015 година.

Таа пред своите колеги тогаш истакна ‘Се може да пропадне само СЈО не’. Убедливо и решително се обрати тогаш Катица Јанева на своите колеги во изјава дадена пред целиот колектив пред околу 3 години.

“Може се да не постои ама ние ќе постоиме. Јас без вас не одам никаде”, им ветува тогаш на своите колеги Јанева.

Но денес Јанева веќе речиси еден месец е во притвор а со неа во “Шутка” и се чини полека завршува ,,сагата” со Специјалното Јавно Обвинителство.

Вчера на седницата на Советот на јавни обвинители беше одлучено обвинителите од СЈО да се вратат во своите матични обвинителства, па така обвинителката Лиле Стефанова, која во СЈО дојде од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ќе се врати во обвинителството во Радовиш, каде претходно работела.

– Во однос на јавниот обвинител Лиле Стефанова е донесена одлука за престанок на мандатот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Со оглед дека во однос на неа и изминал мандатот од 4 години кој е утврден со датум односно нејзиниот мандат во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и престанал на 15 мај 2018 година – изјави претседателот на Советот, Ацо Колевски.

Останатите обвинители кои беа дел од СЈО, ќе се вратат во обвинителствата каде работеа претходно. Најмногу од нив ќе завршат во скопското обвинителство: Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Бурим Рустеми, пак, ќе биде обвинител во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во Гостивар, Љубомир Лапе во Куманово, а Стевно Донев во Кочани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...