На Јутјуб песната има 1,444,227 прегледи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 мај, 2019 15:39

ВИДЕО: Oбјавен документарецот за „Нешто ќе те питам бабо“ на „Некст тајм“- браќата откриваат како настанала песната

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатото дуо „Некст тајм“, составено од бражата Стефан и Мартин, кон крајот на март ја воодушевија македонската публика со нивната нова песна, преработката на „Нешто ќе те питам бабо“, а сега тие објавија и документарец за тоа како всушност дошло до оваа идеја.

“Нешто ќе те питам бабо” ги урива сите рекорди

Момците од дуото завчера го претставија документарецот за овој проект, кој премиерно беше прикажан и на самата промоција во Драмскиот театар. Во документарецот е претставено како  течеше процесот за изборот, но и за контроверзиите што ги предизвикува песната, која всушност е посветена на Тодор Александров.

Инаку песната беше промовирана кон крајот на март, а доби многу позитивни коментари од публиката. Социјалните мрежи буквално беа преплавени со оваа песна и речиси сите ја споделуваа на своите профили, со позитивни коментари за дуото. На Јутјуб песната има 1,444,227 прегледи.

Браво само напред за Македонија, Во вистински момент, кога е најтешко!, Одлична Македонска песна! ,Да живее мајка Македонија, се само дел од коментарите кои стојат под официјалниот видео запис. !

Песната беше промовирана во Драмски театар каде сите едногласно скандираа „Македонија, Македонија“. Браќата Стефан и Мартин, уште еднаш успеаа да ги растопат срцата и да ги разбудат емоциите кај Македонците. 

Оваа песна е дело на нивниот познат тим на соработници, аранжманот е дело на Никола Мицевски, а видеото е во режија на Огнен Шапковски а е посветена на македонскиот војвода Тодор Александров кој бил убиен на 31 август 1924 година.

Како и претходните две – „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“ – оваа преработка наиде на позитивни реакции кај публиката. Во продолжение погледнете го документарецот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Претходно бендот го преработи хитот ,,Despacito" во изведба на Никола Велиновски Црни како гитара и Столе Коцев на саксофон.

ИНЗВОРЕДНА ИЗВЕДБА: Излезе вториот фантастичен по ред ,,sax cover”,Señorita” на ,, Band Replay”(видео)

Излезе вториот одличен по ред ,,sax cover” на ,, Band Replay”. Претходно бендот го преработи...

Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

Тамара се закити со признание: Избрана за најдобар женски вокал на Евровизија!

 Македонската претставничка Тамара Тодевска, го доби признанието за  најдобар...