Изјавата на премиерот Заев беше осудена и од ЗНМ и од него беше побарано јавно извинување.

Објавил: Валерија Петрова | 14 август, 2019 9:03

„ Вие сте лажни либерали кои никогаш нема да станете ГОСПОДА со благороднички манири“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Актерот Сашо Тасевски утринава сподели статус на својот Фејсбук профил коментирајќи ја навредливата изјава на премиерот Зоран Заев каде на прес кажа суетен новинар и педер, по што цела македонска јавност бараше да се извини за срамната изјава.

Изјавата на премиерот Заев беше осудена и од ЗНМ и од него беше побарано јавно извинување.

Сашо Тасевски во неговиот статус вели дека во македонија има лажни либерали.

– На почетокот од моето директорување во Драмски, едно сабајле во канцеларијата ми влезе чичко Саво, во Скопје познат како Саво Педерот. Над 80 години, ама витален, жилет. Господин човек, со светски манири. Људина. Години бил шминкер во Драмски, а потоа го држел и театарското бифе. Познавач на театарот. Важен штраф од убавиот амбиент во најславните години на Драмски. Немало кој не го знае од педерските лобија по светот. Тоа сите го знаат. Борец за семејството дотука бидува. Бараше помош за многу близок во семејството. Му реков заедно ќе пробаме да помогнеме.
Нејсе, ми се пожали дека сака да биде дел од секоја премиера на Драмски, но години никој не му правел чест да го кани. Станав, ја викнав Данче, исто легенда, која беше струја во тој дел, пиар, публика, протокол и реков одма да го стави во протоколот за премиери. Почна да плаче. Доаѓаше на секоја премиера, во тегет сако и лептир машна. По премиерите, освен една, која не му се допадна и ми кажа, трчаше по глумците и глумиците им честиташе, а следниот ден доаѓаше во театар и зборуваше за претставата. Некогаш ќе го чепнев да збори за анегдотите од неговиот исполнет живот. Зборуваше, милина да го слушаш.
Не е ова епитаф, чичко Саво за среќа уште е жив, само да знаете, никогаш нема да се навреди ако му се обратите со Саво Педерот. За него, вие кои скокате навредени од зборот педер, сте најобични лажни либерали, кои никад нема да станат господа со благороднички манири.Чичко Саво е за вас величина. Да ни поживееш величино уште многу години, напиша тој

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски,...

Милошоски истака дека владеачката коалција го искористи европското знаменце со цел да ја ограничи дебатата за законот и воедно да се органзиираат јавни расправи со цел стручните лица и граѓаните да го кажат своето мислење.

Милошоски до Груби: Пријателите од ЕУ ви кажаа дека законот за двојазичност е неприменлив

Во денешното гостување во „Топ тема“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски...

Тој вели дека намерата била да заврши во рацете на братот на премиерот Зоран Заев, Вице.

Нема крај на скандалите: Зоран и Вице Заеви во акција да му го превземат имотот набизнисменот Тошевски

Шокантно сведоштво на бизнисменот Киро Тошевски, сопственик на фирмата БАНА,за телевизија...