Инаку, овие два дена бројот на заразени од корона вирусот е највисок од почетокот на епидемијава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2020 11:03

Викендов голем број општини одат во карантин?

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Овие два дена Комисијата за заразни болести, анализирајќи ја состојбата, како што велат, од час во час, можно е да препорача, претстојниов продолжен викенд, дел од општините, од каде во изминативе два дена имаше најголем број на заразени, да бидат под рестриктивни мерки на движење, односно повторно да биде воведен полициски час.

Доктор Пановски на неколку пати истакна дека мора да се воведе карантин или други рестриктивни мерки во оние општини кои се жариште на вирусот….

Инаку, овие два дена бројот на заразени од корона вирусот е највисок од почетокот на епидемијава. Завчера беа регистрирани 89, а вчера 76 нови случаи на заразени. Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција изјави дека новозаразените се од познати кластери од неколку скопски општини, Чаир, Бутел, Сарај, Аеродром, како и од Штип, Тетово…

Сепак тој истакнува евентуалното воведување полициски час во овие општини не би било задоцнета мерка.

– Рестрикциите и забраните се непожелни и можеме да ги избегнеме доколку ги почитуваме препораките, истакна министерот Филипче на вчерашната прес-конференција.

Во текот на овие денови се очекуваат и резултати од масовните тестирања кои се спроведуваат во Штип, пред се на работниците од петте конфекциски фабрики, како и во Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми,...

Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.

ЗИБЕРИ: Наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец.

Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието....

Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години. Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Мицкоски: Раководство на СДСМ ја донесе Македонија на дното и ја претвори во хибриден режим

Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени,...

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...