Комисијата за заразни болести ќе расправа во текот на викендот за укинување на рестриктивните мерки за земјите од регионот, објави телевизијата Алсат.
Тие велат дека министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека олеснувањето значи и укинување на ПЦР тестовите за Косово, Црна Гора, Босна и Србија.
Препораката на Комисијата за заразни болести мора да биде одобрена од Владата, по што слободното движење се очекува да започне следниот понеделник.
Владата на Република Македонија, на 9 јули донесе одлука државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за влез во земјата да мора да приложат негативен ПЦР тест, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На 75-тата седница што се одржа, беше донесено дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, Ковид-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Македонија, се бараше задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот“, се нагласува во соопштението.
Одлуката стапи на сила од 9 јули.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.