Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 16 октомври, 2021 11:11

ВИКЕНДОВ ПООБЛАЧНО И МАЛКУ ПОТОПЛО – ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОВЕЌЕ СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ 20°C

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи пооблачно, а ќе има услови и за сосема слаб локален и краткотраен дожд.

Особено денес, и тоа Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Во Скопскиот регион викендов ќе се задржи пооблачно време, а особено денес ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Исто така, денес ќе дува умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.  Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени.

Потоа од понеделник ќе имаме уште потопло време, како и повеќе сончеви периоди, иако уште во понеделник ќе има услови за локален краткотраен дожд.  Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и истите од понеделник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека во најтоплите предели иситите има услови да се искачат до околу 20 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

СЛЕДУВААТ ЧЕСТИ ВРНЕЖИ – ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ, ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни...

Поинтензивни врнежи ќе има особено во западните предели, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

НАЈНОВИ НАЈАВИ: ДАЛИ ДОАЃААТ ПРВИТЕ ЗНАЧИТЕЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА?!

Како што веќе кажавме, утре ќе имаме променливо облачно и релативно суво време, додека...