Досега во Србија се вакцинирани над 15.000 македонски државјани.

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 јуни, 2021 17:37

ВИКЕНДОВ СТОТИЦИ МАКЕДОНЦИ ОДАТ ВО ВРАЊЕ НА ВАКЦИНИРАЊЕ

Фото/Текст извор: ©сител

Стотици македонски државјани викендов се вакцинираа или ревакцинираа во Србија. На пунктот во Врање тие можеа да ја примат првата доза на Фајзер или алтернативно кинеската вакцина, објави Сител!

Вкупно биле пријавени 750 наши граѓани, но српските медиуми јавија дека некои се вакцинирале и без претходно закажување. Досега во овој град се вакцинирани 1.105 Македонци, од кои 836 ги примиле двете дози.

Наште граѓани можеа да се вакцинираат и во Ниш, со Синофарм, АстраЗенека и Фајзер. Од МВР потврдија дека на граничниот премин Табановце последниве два дена е забележана зголемена фреквенција на македонски државјани.

Србија е отворена и за ревакцинација на нашите држајани кои таму ја примиле првата вакцина. Од македонското Министерство за здравство потврдија дека во тек се преговри со нивните српски колеги да се отворат пункотви за оваа намена блиску до границата, најверојатно во Ниш или Врање, но се уште нема конкретен договор.

Српскиот министер за здравство Лончар порача дека македонските граѓани во меѓувреме ќе можат да ја примат втората доза на пунктовите на кои ја добиле првата и воедно ги повика македонските граѓани електорнски да се пријават за термин пред да тргнат на пат.

Досега во Србија се вакцинирани над 15.000 македонски државјани.

Претседателот Вучиќ побара од српската влада да дозволи слободна вакцинација за македонските граѓани со вакцини по нивен избор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Изгубивме толку многу животи, и можевме да ги спасиме. Вакцинирај се. Не знам што друго да кажам на таа тема”, додаде таа.

Србија воведува ковид сертификати за влез во кафулиња, ресторани, ноќни клубови…

Србија се подготвува да воведе ковид-сертификати, изјави премиерката Ана Брнабиќ,...

Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.

Во Врање досега се вакцинирани 10.390 македонски граѓани

Во Република Србија во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани,...

Околу 15.000 македонски државјани веќе се вакцинираа во Србија, најголем број од нив со „АстраЗенека“, која во Македонија е достапна само за лицата над 60 години.

Србија од 21 јуни почнува со прослави, Вучиќ ги кани граѓаните од регионов да се вакцинираат

Граѓаните на Србија од 21 јуни ќе можат да организираат прослави, најави премиерката...