Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево, доцна попладне и навечер со мала до умерена облачност.

Објавил: Сара Фемина | 22 март, 2020 9:13

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Зимата се враќа – Следуваат нови врнежи од дожд и снег

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во недела, особено во попладневните и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде засилен.

Сето ова ќе биде најава за продор на значително постуден воздух од север и од североисток, така од понеделник температурите на воздухот ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе.

Од понеделник на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува формирање на снежна покривка. Услови за повремени врнежи од снег понекаде ќе има и на пониските места. Ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Особено во понеделник. Во понеделник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег.

ВИКЕНД МЕТЕО: Врнежи од дожд, од понеделник промена на времето!

За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени...

Веќе од понеделник ќе имаме многу повеќе сонце а максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.

ДОАЃААТ ТОПЛИ ДЕНОВИ: Временска прогноза за земјава!

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево време со умерена локална облачност. Во попладневните...

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи кој ќе бидат претежно од снег, иако повремено има услови и за врнежи од дожд и снег

СНЕГ И ДОЖД ВО ЗЕМЈАВА: Детална временска прогноза!

Нашата територија до крајот на денов ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност....